vesti24.mk
ВЕСТИ

Се заканувал со ново убиство- Работникот што го уби холандскиот газда дивее во Шутка

ECA

49-годишниот С.Р. кој е осомничен за убиството на холанѓанецот Јос М. кој беше сопственик на расадникот „Еуроплантс” во тетовско Прељубиште, станал агресивен во затворот и се заканувал со ново убиство, дознава МКД.МК.

Како што пишува порталот, тој во притворската ќелија во Истражниот затвор во Шутка и се заканувал со нови убиства, а нападнал и цимер во ќелијата, обидувајќи се да го задави. Го спасила брзата реакција на затворската полицијата.

Во ќелијата седел на едно место, не давал никој да му се доближи, со закани дека повторно ќе нападне и убие, а постојано зборувал за војната во Вуковар и за убивање.

Инаку, во Истражниот затвор во Шутка во моментов нема ниту стручно лице, односно психијатар кој ќе може да позборува и да му пружи стручна лекарска помош.

За потсетување, на убиството му претходела физичка пресметка и расправија. Холанѓанецот пред 10 дена почина откако беше удрен со камен во глава.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts