vesti24.mk
ВЕСТИ

Се здобил со повреди од оружје па преку границата со Албанија го донеле веднаш во најблиската болница во Македонија- еве ги деталите

ECA

На 12.08.2019 во 23,45 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека во Општата болница во Дебар бил донесен Е.М. од Р.Албанија, со повреди во пределот на левата рака и лицето.

Е.М. бил донесен од С.Х. и Е.Ш. и двајцата од Р.Албанија со патничко моторно возило ,,Опел фронтера’’ со албански национални ознаки.

На 13.08.2019 околу 00,40 часот во Полициската станица Дебар дошол С.Х. и изјавил дека во несреќен случај на територијата на Р.Албанија Е.М. се здобил со повреди од ловечко оружје во сопственост на И.Д. од Р.Албанија. Поради потреба од укажување на лекарска помош тие преку граничниот премин Џепиште – Требиште околу 23,20 часот ја преминале државната граница и дошле во Дебар. За случајот е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts