vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Се изгубив себеси чекајќи те да ме засакаш

ECA

Се изгубив себеси чекајќи те да решиш да ме засакаш. Мислев дека успешно ја кријам тагата, но сите околу мене го знаеја тоа. Се гледав себеси како стојам во едно место, додека сите други се менуваа и одеа напред со своите животи.

Денес, не те обвинувам. Знам дека не можеш никого да натераш да те засака. Не можеш да им ги измениш мислите, ниту пак тоа што го чувствуваат во срцето. Но, те обвинувам затоа што никогаш јасно и гласно не ми го кажа тоа.

Се ослободив од надежта, од сите заеднички спомени, од желбата да бидеш покрај мене до крајот на животот. Тој си којшто си и не можам да направам ништо за да те променам. Можам само да си заминам и да најдам љубов на друго место.

Јас никогаш не бев личноста која ти треба, но многу доцна го сфатив тоа.

Знам дека никогаш нема да ги вратам назад годините кои ги изгубив на тебе. Можеби ќе најдам љубов, можеби не, но знам дека не можам да останам веќе на ова место каде што останав толку долго.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts