vesti24.mk
ВЕСТИ

Силјановска Давкова во Гази Баба: Да ги поразиме сите ненародни и штетни политики кои ги спроведува владата на СДСМ и Заев

ECA

Кандидатот за претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова денеска беше во посета на Гази Баба каде што оствари средба со жителите на општината.

На средбата Силјановска Давкова изрази огромна благодарност за укажаната доверба од страна на граѓаните на првиот круг од претседателските избори, каде што освои повеќе од 6.000 гласа од нејзиниот против кандидат Стево Пендаровски.

Силјановска Давкова ги повика сите граѓани на Република Македонија да излезат на вториот круг од претседателските избори на  5-ти мај и повторно да и ја дадат поддршката, се со цел да ги поразат сите ненародни и штетни политики кои ги спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts