vesti24.mk
ВЕСТИ

Силјановска Давкова: Ние како во химната се бориме за своите правдини, тие се вознемирени затоа што во химната ја нема Северна

ECA

Навистина ми е голема чест што ме удостоивте со присуството, Ви благодарам што како во химната на Македонија не се предавате и се борите за нашите правдини, им порача Силјановска Давкова вечерва на охриѓани кои во голем број се собраа да и ја дадат поддршката.

-Ние сме во моментот разочарани, понижени, навредени, но длабоко мотивирани во својата борба и мирни. Зошто мирни? Зошто веруваме во Македонија. Тие се вознемирени, зошто во химната ја нема Северна! Нивната Северна, Прличев вака би ја опишал: Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите и жените, та гласи тажна ека и навива салкоп и зла. Ветуваа реформи, владеење на правото, економски просперитет, стручна и компетентна администрација, независно судство, борба со корупцијата, велеа нулта корупција со што сме соочени? Со хибриден режим, со авторитарен систем, со вредносен морален политички и економски регрес, наместо парламент, имаме едногласно комунистичко собрание. Наместо правосудство кривосудство, реваншизам и селективна правда, порача таа.

Силјановска Давкова вели дека во една од најсиромашните земји за повеќе од 2 ипол години дури 26 министри ништо не сторија, единствената реформа е Преспанскиот договор и промената на името.

-Нашиот устав вели дека меѓународните договори ги склучува Претседателот во името на Република Македонија. Го заборавија уставот, заборавија дека министерот за надворешни работи не е овластен да потпишува промена на името. Преспанскиот договор е надвор од задолжителното меѓународно право, но и од националното право, ние пак велиме дека сме за право, правда и морал.  Умниот Бернан Шо велел: Може да смените облека, идеологија, ама татковина никогаш не можете да смените. Што треба да правиме? Треба да победиме на  претседателските избори за да ја делегитимираме власта и се што стори за овие две и пол години, треба да отвориме пат за предвремени парламентарни избори, за ново парламентарно мнозинство што ќе води сметка за Копенхагеншките критериуми оти не се оди во Европа само со договор.Слушате деновиве дека веројатно новиот победник на парламентарните избори во Грција господинот Мицотакис вели дека ќе се блокира на патот ко ЕУ, а што стана со промената на името тогаш? Ако се правото и правдата на нашата страна, а така е, тогаш мислам дека и победата на овие избори ќе биде на наша страна, истакна таа.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts