vesti24.mk
ЗАБАВА

Сите благодети на чудотворниот лимон

ECA

Лимонот е цитрусно овошје кое е богато со витамин Ц, но и Б витамини, калциум, железо, магнезиум и фосфор. Тој е одличен за вашето здравје, бидејќи прави детоксикација на организмот и го зајакнува имунолошкиот систем.

Лимонот помага при намалување на килограмите и ги прочистува мочните патишта, но има и многу други корисни употреби:

Ја ублажува кашлицата: Лимонот, во комбинација со мед и маслиново масло е вистински домашен лек против кашлица и тешкотии со дишењето.

Го отстранува првутот од косата: Лимонот ефикасно ќе се бори против првутот во вашата коса, доколку нанесете природно исцеден сок на главата и го оставите да постои неколку минути, пред да започнете со шампонирање.

Ја осветлува бојата на косата: Лимоновиот сок е исто така природен препарат за осветлување на бојата на косата. Нанесете свежо исцеден сок од лимон непосредно пред да излезете на силна сончева светлина.

Добар е за маникир во домашни услови: Можете да ги зајакнете вашите нокти и да ја освежите и осветлите нивната боја, доколку ги киснете 10 минути во лимонов сок.

Отстранува дамки од мастило: Ако ви капне мастило на вашата облека, врз дамката нанесете лимонов сок. Потоа, ставете ја облеката во машина за перење на пониска температура.

Ги спасува даските за сечкање храна: Доколку ја имате користено вашата кујнска даска за сечење лук, кромид или риба и не можете да го извадите мирисот кој навлегол во неа, едноставно прелијте ја со лимонов сок.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts