vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Сите хороскопски знаци заглавени во лифт

ECA

Сите хороскопски знаци се заглавени во еден лифт во голем хотел. Меѓутоа, лифтот се заглавува. Како реагираат тие?

Рак : Што се случи? Не се чувствувам најдобро.

Близнаци : Ох, заглавени сме.

Лав :  Ајде, не е ништо страшно. Сигурно е само мала пауза.

Девица: Зошто баш сега?!

Овен:  Да видиме што е (ги притиска копчињата во лифтот)

Скорпија: Но, немојте толку на сила.

Овен: А, дали е подобро само да седиме и чекаме?

Вага: Смирете се, не е време за кавга.

Девица: Знаете ли колку работа ме чека?

Јарец:  Сите имаме некакви обврски, но наместо да создаваме паника, ајде да го направиме тоа што треба.

Водолија: Така е, веројатно можеме да побараме некого. Притиснете го црвеното копче, ве молам.

Близнаци: Секако. Не реагира. Ќе биде весело.

Риби: На некои овде ова им е забавно.

Стрелец: Па веројатно нема да плачеме.

Лав: Слушајте ме добро. Како прво, дали некој од нас има некаков алат.

Водолија: Јас имам нешто, но се уште не можам да утврдам што ќе помогне најмногу.

Бик: Јас не би се шегувал со тоа. Тоа е сепак лифт.

Овен: Сигурно нема да останеме овде цела ноќ. Мора нешто да се преземе.

Скорпија: Каков будала леле.

Вага: Ве молам смирете се. Да не создаваме тензии.

Лав:  Јас ги преземам работите во свои раце. Смирете се останатите.

Рак: Како да се смириме? Веќе пола час сме беспомошни.

Стрелец: Можеби треба да експериментираме.

Јарец: Не, не би смееле да експериментираме воопшто.

Бик: Мене не ме прашувајте ништо. Не можам да размислувам сега.

Близнаци: Ајде да играме друштвена игра додека да помине времето.

Бик: Решението е едноставно. Да чекаме да се средат работите сами од себе.

Рак, Девица и Риби: Сами од себе?!

Водолија: Внимавајте, се мрда лифтот. Дојде струја.

Стрелец: Ајде да прославиме кај мене. Ова беше забавно.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts