vesti24.mk
ВЕСТИ СВЕТ

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на филипинскиот претседател: Бакна работничка во уста, таа се смееше, а луѓето аплаудираа

ECA

Контроверзниот филипински претседател Родриго Дутерте се соочува со лавина на критики откако бакна во уста Филипинка која што работи во Јужна Кореја.

Тоа се случило на еден собир во Сеул кога филипинскиот претседател Дутерте, на бината повикал две работнички за да им врачи книги, а потоа една од нив ја бакнал во уста. На снимката може да се види како жената се смее, а работниците со потекло од Филипини аплаудираат.

Невладините организации веднаш го критикуваа таквиот потег на Родриго Дутерте, а на социјалните мрежи исто така луѓето негодуваат и го нарекуваат филипинскиот претседател „одвратен и театрален“.

Британски „БиБиСи“ пренесува дека ова не е прв пат Дутерте да биде обвинет за непримерно однесување кон жените.

Loading...

Related posts