vesti24.mk
ВЕСТИ

„Скопската Венеција “- улиците во Ѓорче Петров поплавени по невремето, жителите гневни на НЕгрижата на градоначалникот Наумовски (ФОТО)

ECA

Жителите на скопско Ѓорче Петров пред околу половина час беа погодени од силно невреме проследено со дожд, град, силен ветер и грмотевици.

Тие веднаш по невремето излегоа на своите улици за да ги одзатнат шахтите кои ги поплавија улиците низ повеќе маала во општината.

Револтираните жители на социјалните мрежи споделуваат фотографии од улиците кои наликуваат на Венеција додека градоначалникот и општинските служби никаде ги нема.

Тие велат и дека на Александар Наумовски му завршило работното време па нема потреба да се санираат штетите и да се одблокираат улиците во Ѓорче Петров.

Дел од коментарите се и „Европо чекај не“ и дека Ѓорче е скопска Венеција.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts