vesti24.mk
ЗАБАВА

Скопјани плаќаат и по 100 евра плус за да го кажуваат судбинското „ДА” навдор од Матично

ECA

Се повеќе венчавки надвор од Матично. Скопјани на различни локации  го кажуваат судбинското “ДА”.

Секојдневно се зголемува бројот на брачни двојки во Македонија кои брак склучиле на локации надвор од салите за венчавки, а најчесто тоа го направиле во ресторанот каде се одвива свадбената веселба.

Најинтересни места каде идните брачни двојки го кажале нивното „да“, се Порта Македонија, Плоштадот во Скопје, Градскиот парк, Скопското Кале, на брод среде Охридското езеро, на Милениумскиот крст на Водно, во Ботаничката градина во Скопје, во Музејот на националната борба на македонскиот народ, по значајните манастири и цркви ширум Македонија, како и во зимските туристички центри.

Надоместокот за склучување на брак надвор од службените простории од понеделник до петок и првата работна сабота, по 16:30 часот, до 10 километри од матичното подрачје изнесува 3.300 денари. Во саботите и неделите, како и за време на државните празници или други неработни денови, под истите услови, сумата на надоместокот е 6.600 денари.

Склучувањето на брак надвор од службените простории, доколку некоја од странките има здравствени проблеми и не е во можност да дојде да склучи брак во салите на матичните подрачја или се наоѓа на издржување на затворска казна или притвор, брачните двојки не плаќаат надомест за склучувањето на брак надвор од службените простории.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts