vesti24.mk
ЗАБАВА

Следете го својот сон

ECA

Уживајте во животот, пркосете им на проблемите со вашата позитивност и правете го она што ве прави среќни, она за кое сонувате. Ако она за кое сонувате е чисто и искрено, ако доаѓа директно од срцето и чувствувате дека сте родени за да го остварите тој сон, тогаш тој сон е пат по кој морате да тргнете.

Никогаш немојте да се откажувате, ниту пак да скршнувате од тој пат. Веројатно на тој пат ќе видите многу лажни патокази кои ве водат на погрешни патишта, можеби некаде ќе свртите на погрешна кривина, но не е важно. Секогаш можете да се вратите на вистинскиот пат и затоа не се откажувајте!

Патувајте полека, без брзање. Ќе има падови, но не се откажувајте. Тие падови се вашите лекции од кои ќе научите многу работи. Не се лутете, не мразете, не замерувајте. Бидете извор на љубовта и храбро чекорете по својот пат. Овој живот е само ваш и вие одлучувате!

Следете го својот сон без оглед на тоа што можеби нема секогаш да најдете разбирање меѓу луѓето. И никогаш не го заборавајте позитивниот став кој може да направи чуда на тој пат кон остварување на вашиот сон.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts