Uncategorized

СООБРАЌАЈКА КАЈ ЗЕБРА: Возилото смачкано, возачот само чудо го спасило (ФОТО)

ECA
Автомобилот удрил во дрво и целосно е уништен.

Автомобил уништен до непрепознатливост се гледа на фотографиите објавени на социјалните мрежи, откако возачот ноќеска или рано утрово удрил во дрво на улицата „Васил Ѓорѓов“ во скопски Капиштец, кај трговскиот центар „Зебра“.

Освен возачот, други повредени нема.

Според засега непотврдени информации, тој се враќал од работа и најверојатно заспал.

Очевидци јавуваат дека дрвото е скршено на половина, искорнати се и столпчињата покрај патот.

И минатата година овде имаше сообраќајна несреќа, при што една жена загина.

Извор:Телеграф.мк

Loading...