Uncategorized

Сопругот на докторката го пронашол нејзиното мртво тело

ECA
Неофицијално мртвото тело го пронашол нејзиниот сопруг, кој повикал брза помош, а случајот во полиција го пријавило друго лице, објави Канал 5.

Полицијата потврди дека случајот кај нив бил пријавен синоќа околу 21 часот по што веднаш е излезено на местото на настанот. За случајот е известен јавен обвинител, а телото на починатата докторка е предено на обдукција.

Според неофицијални информации на Канал 5, на разговор во полицијата бил повикан и нејзиниот сопруг.

Од клиниката за нефрологија, каде работела докторката велат дека во последниот период не забележале промена во нејзиното однесување.

Од основното јавно обвинителство велат дека при увидот е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот.

Од таму велат дека од домот на лекарката кој се наоѓа на улицата „Елисије Поповски Марко“ се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата.

По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв, а дополнително ќе се обезбедат и евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти.

skopjeinfo.mk

Loading...