vesti24.mk
ЗАБАВА

Со екстракт од лаванда против болки

ECA

Релаксирачките својства на лавандата навистина се ефикасни и тoа медитеранско растение може наскоро да се користи при лекување болки, најавуваат јапонски научници.

Тие тврдат дека мирисот на лавандата ефикасно помага во ублажување здравствени проблеми и велат дека тоа може во догледно време да се користи како алтернативно средство – замена за седатици на пациенти пред оперативен зафат, како со алтернативни таблети или како средство за лекување болки, објавија британски медиуми.

До такви заклучоци дошле од јапонскиот Универзитет Кагошима по експрименти во лабораторија при обидот да откријат дали помага линалоол, природен терпенски алкохол што се содржи во екстракт од лаванда.

За разлика од седативите, научниците велат дека мирисот на линалоол не влијае воопшто на подвижноста и координацијата на движењето.

Резултатите се објавени во списанието Frontiers in Behavioral Neuroscience

извор:курир.мк

Loading...

Related posts