vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

Спасувал луѓе од терористи, а потоа животот му станал пекол: Целиот свет го славел, а него животот му е уништен

ECA

Пекарот од Романија се прославил како вистински херој во текот на терористичкиот напад во Лондон пред точно една година кај Лондонскиот мост, во кој настрадале 8, а ранети биле 48 луѓе.

Флорин Морариу помагал на кобниот 3.јуни 2017. година на луѓето кои се нашле на местото каде терористите убивале луѓе со ножеви, праќајќи ги спас да побараат во пекарата во која работел, а потоа храбро им се спротивставувал на терористите и онеспособил еден од нив.

Најмалку 15 минувачи биле спасени благодарение на Флорин, кој истата ноќ станал ѕвезда. Исто така, тој го снимил првото видео од хаосот кој се случувал и го поставил на интернет, за да ги предупреди луѓето на опасноста, а снимката набрзо ја преземале сите водечки медиумски куќи.

Тоа, меѓутоа, го чинело животот кој дотогаш го живеел.

“Бев задоволен на работа, убаво се согласував со луѓето. Мојот живот конечно беше стабилен, се до тој момент“, се потсетува овој храбар 33-годишен Романец.

Неговата популарност моментално пораснала, и тогаш почнал неговиот пекол. Набрзо после тоа бил замолен да го напушти станот кој го изнајмувал, бидејќи останатите станари им се заканиле на сопствениците дека ќе се преселат ако не замине тој.

“Луѓето беа исплашени, тоа е нормално. Сопственичката е навистина прекрасна жена која плачеше додека ми соопштуваше дека останатите станари се плашат од одмазда на терористите на ИСИС. Со сопственичката уште сум во контакт“, вели тој.

Како што вели, разбирал дека мора да се отсели, но не бил подготвен за тоа што му се случува, не знаел што да прави. Набрзо уследиле нови маки, бидејќи никој не сакал да му издаде стан.

“Разбирав дека луѓето се плашат да ме пуштат во своите станови. Мојата слика беше на сите вести, на сите телевизии, весници, портали…Лутав така со својот куфер без да знам каде ќе одам. Стана речиси невозможно да бидам обичен додека моите фотографии кружат низ светот“.

Исто така, не се вратил во пекарата во која се се случило, бидејќи се плашел дека би бил премногу лесна мета.

Од тогаш боледува до посттрауаматски стрес, пуши цигари една по друга, а бидејќи не можел да најде друга работа или стан, бил принуден да се врати во Романија, од каде заминал во потрага по подобар живот.

Неговото херојско дело го пофалила и премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, во британскиот парламент. Му ветувале разна помош, но младиот пекар морал да ја напушти државата во која, како што вели, вредно работел и уредно плаќал данок.

“Не ми беше потребно да ме нарекуваат херој, направив нормална работа. Само ми беше потребна малку поддршка“, рекол тој.

По една година, Флорин го посетил Лондон за да им оддаде почит на загинатите во тој напад.

“Не е лесно повторно да се биде тука. Се сеќавам како умираа луѓето. Лежеа избодени по тротоарот. Беше хаос”, се потсетува Флорин и додава дека сака да се најде со преживеаните во нападот и да открие како се снаоѓаат по шокот и стресот.

На прашањето дали повторно би го направил истото без разлика на лошиот резултат, тој вели. “Тоа беше спонтана реакција. Сега велам дека би го направил, а можеби и нема. Тоа е работа што ја одлучува еден момент“.

извор:точка.ком.мк

Loading…
Loading...

Related posts