vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

„СПАЈДЕРМЕН“ од Африка спаси детенце од сигурна смрт (ВИДЕО)

ECA

Младиот имигрант од Мали, Мамаду Гасама, стана херој во очите на светската јавност откако се искачи по фасадата на зграда во Париз за да спаси четиригодишно дете кое висеше од балконот на четвртиот кат.

По неверојатниот подвиг кој е снимен на видео кое брзо се прошири низ социјалните мрежи со неколку милиони прегледи, властите одлучија да му дадат француско државјанство.

За храброто спасување Гасама денеска ќе биде примен и од францускиот претседател, Емануел Макрон, кој го покани во Елисејската палата.

Според првичната истрага на властите, родителите на детето во тоа време не биле дома. Подоцна таткото бил сослушан од полицијата и се очекува да му се суди зашто го оставил детето без надзор. Мајката во тоа време не била во Париз.

Loading…
Loading...

Related posts