vesti24.mk
ВЕСТИ КУЛТУРА МАКЕДОНИЈА

Спуштени завесите на фестивалот „Албански театар во Македонија“

ECA

Со доделување на наградите на најдобрите, синоќа во Дебар заврши 18-то издание на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Наградата за најдобра претстава беше доделена на претставата „Соседи“ во изведба на татарот од албанскиот град Ѓирокатро, во режија на Милто Кутали. Наградата за најдобра режија и припадна на Елмаза Дура за претставата „Скржавец “ од театарот од косовскиот град Урошевац, додека за најдобар актер и актерка беа прогласени Дајана Нена и Муса Исуфи.

Во изминатите седум фестивалски вечери, со свои претстави учествуваа тетарски трупи од Куманово, Тетово, Ѓирокастро, Урошевац, Прешево и Гљилане. Последната вечер пред доделувањето на наградите, пред дебарската публика вон конкуренција се претстави Националниот театар од Приштина, со „Корчарски карневали“ во режија на Алтин Баша.

-Ви благодарам за големото присуство на сите претстави, со што докажавме уште еднаш дека дебарчани знаат што е уметност и истата достоинствено ја ценат. Благодарам на учесниците за нивните успешни претстави. Се надевам дека до година ќе се оствари нашиот сон, фестивалот да биде институционализиран од страна на Министерството за култура на Република Македонија, со што ќе добиеме повеќе средства, а тоа значи и побогата фестивалска програма, рече директорот на фестивалот Илбер Нуредини прогласувајќи го фестивалот за затворен.

Оваа манифестација, што традиционално се одржува во Дебар, и годинава финансиски беше подржана од македонското министерство за култура, со 600 илјади денари, од локалната власт, како и од други спонзори.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts