vesti24.mk
ЗАБАВА

Србин си го заглавил „поршето“ на скали- барал паркинг, па станал виц на денот (ФОТО)

ECA

Седумдесет и две годишен белграѓанец станал виц на денот во Риека кога во понеделникот барајќи паркинг низ градот, го заглавил своето скапо возило на скали. Како што јавуваа хравските медиуми, непознавањето на градот на возачот било клучно за да му се случи оваа несреќа, па пратејќи во својот ГПС систем, завршил на скали.

– Најпрво ни дојде смешно, но кога им се доближивме на луѓето во колата, сфативме дека станува збор за туристи. Возачот ни кажал дека барал паркинг, па отккао се качил на тротоарот, не внимавал и се спуштил во скалите, по што остана на нив, изјавил еден очевидец на несреќата.

Наскоро стигнала шлеп службата и го отстранила возилото од скалите. Голем број на граѓани се собрале на местото на незгодата и почнале да прават селфи фотографии и видеа.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts