vesti24.mk
ЗАБАВА

Срушен е рекордот: Ќе ви се сврти во глава кога ќе видите за колку е продадено едно шише вино

ECA

Шише од виното „Romanee-Conti“ од 1945 година е продадено во саботата за неверојатни 558.000 долари, на аукција во Њујорк, со што е срушен рекордот за продажба на вино.

Конечната цена е повисока од 17 пати од почетната, која била 32 илјади долари.

Тоа шише со избледена етикета е едно до 600 примероци произведени во 1945 година, непосредно ред на имотот да биде извадена виновата лоза, па повторно засадена.

„Romanee-Conti“ се смета за најдобро вино на Бургунди, можеби најугледното вино во светот.

Лозјата се наоѓаат на парцела помала од два хектара, каде денес се произведуваат меѓу пет и шест илјади шишиња годишно.

Рекордот за стандардно шише вино досега изнесува 233 илјади долари за „Chateu Lafite Rothschild“ од 1869 година, продадено на аукција во Хонг Конг во 2010 година.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts