vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Стапуваат во сила Договорот од Преспа и името Република Северна Македонија

ECA

Од денеска влегува во сила конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните, што Министерството за надворешни работи соодветно го објави во Службен весни, велат од Владата.

„Исполнети се условите за влегување во сила на амандманите ХХХIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Северна Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од ХХХIII до ХХХVI на Уставот на Република Северна Македонија, што Собранието на Република Северна Македонија ги донесе на 11 јануари 2019 година. Истите влегуваат во сила денес, на 12 февруари 2019 година со соодветната објава од страна на Владата во Службен весник“, се наведува во соопштението на Владата.

Оттаму додаваат дека со тоа, започнува извршувањето на обврските кои произлегуваат од конечната спогодба и Уставните амандмани.

Loading...

Related posts