vesti24.mk
ЗАБАВА

Страшна приказна се крие зад овој обичај: Зошто никогаш не се наздравува со вода?

ECA

Иако едноставното наздравување со чаша вода кога немате друг пијалак во близина можеби ви изгледа како сосема обично делување, зад изреката дека треба да го избегнувате тоа всушност се крие древно и нималку наивно верување поради кое можеби е подобро да го избегнувате.

Коренот на овој обичај се наоѓа во антиката. Имено, старите Грци верувале дека кога човекот заминува на другиот свет, неговата душа оди во подземниот свет на Хад. Во него се наоѓа тажна рамнина опкружена со бледи диви цветови. На таа рамнина течат пет реки: ледениот Стикс – реката на омразата, Ахерон – реката на болката, Кокитус – реката на јадот, Флегетон – реката на огнот и Лета – реката на заборавот.

Кога душата ќе пристигне во светот на Хад, пие од Лета за да го заборави минатото и патењето од претходниот живот. Оние што верувале во реинкарнација верувале и дека душите пијат вода од оваа река за да го заборават завршениот живот и да се подготват за нов.

Токму тука и се верува дека лежи коренот на обичајот никогаш да не наздравуваме со чаша вода. На тој начин, оној што го прави тоа, би го следувало преран заборав на важните нешта во неговиот живот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts