vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Стресот и хороскопските знаци

ECA

Во денешно време, стресот е секојдневие за секој човек. Иако голем дел од луѓето се обидуваат да го избегнат тоа, сепак не секогаш можеме да имаме влијание на тоа што ни предизвикува стрес во нашето живеење.

Што им предизвикува стрес на секој од хороскопските знаци?

Овен

Претставниците на овој знак се многу динамични луѓе сè додека не ја изгубат својата енергија. Кога се чувствуваат лошо или пак се настинати, тогаш стресот ги напаѓа. Сепак, треба да сфатите дека вие не сте суперхерои и никој од вас не очекува да го спасите светот. Опуштете се малку.

Бик

Биковите сакаат да остават впечаток дека се компетентни и затоа одговорно и посветено се посветуваат на сè што прават. За нив, најголем извор на стрес се неуспесите. Но, треба да научат дека понекогаш поразите и грешките нè учат на моќни лекции и дека не треба да се откажуваме.

Близнаци

Најголем извор на стрес за близнаците се луѓето. Тие не сакаат кога луѓето се сурови или пак се однесуваат глупаво. Сепак, треба да научат да дишат и дека не можат да очекуваат дека сите луѓе ќе бидат како нив.

Рак

Постојат многу работи кои им предизвикуваат стрес на Раковите. Кога се чувствуваат поразени, тие претеруваат и само дополнително запаѓаат во дополнителен стрес и депресија. Нешто што можат да направат е да не „ ги проголтуваат“ своите чувства и да не дозволуваат да бидат дотепани од лоши ситуации на кои немаат влијание. Само дишете длабоко и верувајте си себеси.

Лав

Немањето контрола е стресна работа за Лавовите. Губењето на нештата или неуспехот на работите предизвикува голем стрес за нив. Само запаметете, некогаш е во ред да ги пуштите работите да се одвиваат по својот тек. Ќе бидете посреќни.

Девица

Девиците размислуваат премногу. Најголемиот извор на стрес во нивниот живот е неможноста да ги организираат своите мисли, но и секој ден. Можеби ќе биде добро да се водите по распоред, или пак да водите листи.

Вага

Претставниците на овој знак не сакаат кога луѓето ги третриаат лошо. Тие минуваат многу време размислувајќи дали треба да им се спротистават на луѓето кои не се фер.

Шкорпија

Иако нивниот надворешен изглед покажува дека тие се силни личности, сепак одвнатре се многу чувствителни. Тие се чувствуваат напнато и тензично кога некој навлегува во нивната интима. Тие сакаат време за себе и не можат да им простат на другите кога се плеткаат во нивниот живот и планови.

Стрелец

Претставниците на овој знак обожаваат да се движат. Тие се нервозни и под стрес кога се во едно место и не поднесуваат ситуации кога треба да се однесуваат според правилата. Затоа, од голема помош можат да им бидат забавите, но и физичките активности преку кои ќе ја исфрлат таквата енергија.

Јарец

Со оглед на тоа дека Јарците имаат големи очекувања од себеси, за нив најголемиот стрес се јавува кога не можат да ги исполнат таквите очекувања. Затоа, најдете среќа и радост во секој момент, дури и оние моменти кога работите не одат според вашите очекувања.

Водолија

Водолиите сакаат работите да се одвиваат по нивните правила. Тие се фрустрираат кога нема да го добијат тоа што го сакаат и не размислуваат за причините зошто се случило тоа. Затоа, треба да се обидат да го прифатат и разберат животот таков каков што е.

Риби

Рибите, како и Шкорпиите се многу затворени личност. За нив најголем стрес предизвикува јавното говорење, но и прикажување пред јавноста. Но, тие треба да сфатат дека ваквите работи се дел од животот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts