vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Тасева ќе оцени дали Ласкова влијаела за грантот на нејзината снаа

ECA

„Има ли пилот во државата“ со потпрашање за македонската навигацијата за непотизам односно- Македонската Неофицијална Агенција за Вработување М-НАВ.Само во оваа 2018 година македонската навигација се поднови со 24 нови партиски искусни кадри, меѓу кои има и искусни имиња како роднината на министерот за земјоделство или пак партнерот на Заев, Стојанче Ангелов, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, состојбата во М-НАВ е толку алармантна и очигледна што комисиите за вработување дојавувале во медиумите за притисоците кои што морале и да се оправдуваат зошто не се примени лица кои што не исполнувале услови, па потоа на повторни огласи истите лица да морале да добијат вработување.

,,На листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, син на пратеничка итн. Почитувани М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на новите вработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени. Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања во М-НАВ.

Дури и министерот за земјоделство си призна дека негов роднина е вработен таму. Но и за него, како и за мајката на Костадин Костадинов, или пак за сестрата на Кирацовски, или за редица други од партискиот клан велат дека не станува збор за непотизам туку за неопходни кадри!А во М-НАВ се насобрал толку неопходен партиски кадар што и новата сопствена зграда не ги собирала па ќе се селеле под кирија, на локација добро позната на директорот!”, рече тој.

Според Стоилковски, тоа се европските вредности на СДСМ, тоа е тој пат, навигација кон ЕУ и НАТО, тоа е борба со непотизмот, партизацијата, обемноста на администрацијата и кои ли се празни флоскули и ветувања ги даваа истите овие напикани во криминогената власт кои што сега не се ни кријат ниту имаат потреба да понесат одговорност за девастацијата на Република Македонија.

,,М-НАВ ги отсликува црнилата во кои што СДСМ ја втурна државата.М-НАВ може да се препознае во секоја владина агенција, министерство, локална самоуправа. Со ваква Навигација по која сега се движи државата, таа не може да заврши поинаку освен во се подлабока дупка. Република Македонија не заслужува таков пат, Република Македонија заслужува многу подобро”, додаде Стоилковски.

Loading...

Related posts