vesti24.mk
ЗАБАВА

Татко и соопштил на својата 4 годишна ќерка дека ќе го изгуби видот: Таа му кажала неколку збора што секогаш ќе ги памети (ВИДЕО)

ECA

Рејчел Стефенс и Отомн Мајкл не се обични членови на средношколски бенд.

Рејчел, која е сениор, свири на дајре, а Отомн, која е бруцошка, свири кларинет. Но, една без друга ти би имале сосем различно средношколско искуство. Тоа е затоа што Отомн е слепа.

Кога имала само седум месеци, лекарите и откриле тумор на мозокот во близина на очните нерви кои не е можно да се оперира. Со текот на времето туморот растел. А кога Отомн имала само четири години, нејзините родители, Џејсон и Енџи Мајл, дозволиле лекарите потполно да ги остварат очните нерви на нивната ќерка, заедно со делови од туморот.

-Отомн, жал ми е што мораме ова да го направиме. Нема да можеш повеќе да гледаш, се сеќава Џејсон што му кажал на своето девојче.

-Во ред е тато, одговорила таа.

-Бог ќе гледа за мене.

Нејзиниот одговор бил само вовед во оптимизмот и радоста со која денес зрачи Отомн.

-Секогаш имала ваков фантастичен поглед на светот. Цела е позитивна. Привлекува луѓе кон себе, ги привлекува, вели Енџи.

Откако оваа година тргнала во средно училиште, Отомн која го памети околу себе и користи стап за навигација на училишните ходници, се надевала дека ќе маршира во училишниот бенд.

Додека настапот на трибините значел мирно стоење со кларинет во рацете, марширањето на бендот на полувремето на фудбалско игралиште било предизвик за Отомн. Нерамната трева, во комбинација со кореографијата која не ја гледа, што значело дека соништата на Отомн за марширање во бендот биле надвор од секое мечтаење.

Но тоа било така се додека не дошла Рејчел Стефенс. Оваа 17 годишна девојка се веселела на својата сениорска година во бендот, кога неочекувано ја запознала Отомн на кампот во текот на летото.

Тие две веднаш станале пријателки, а кога школската година започнала, Рејчел несебично одлучила да стане водач на Отомн.

Тоа значело откажување од својата последна прилика за марш во бендот, а наместо тоа ќе биде очите на Отомн, таму каде што таа не може да гледа.

Тоа е вид на несебичност кој ретко може да се најде кај возрасните, а камоли кај некој ученик во средно училиште. Но, според зборовите на мајката на Рејчел, Ејми Браун, тоа не е чудно ако ги познавате Рејчел и Отомн.

-Тоа е баш тоа што Отомн би го направила. Тоа е точно она што Рејчел би го направила. Мислам дека веројатно затоа толку добро се вклопија, вели Ејми.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts