vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Твитер воведува реакции како на Фејсбук

ECA

Твитер воведува реакции за твитовите, покрај вообичаениот „фејв“ корисниците ќе можат да оставаат и реакции на твитовите, слично како на статустите кои се објавуваат на Фејсбук.

Претходно месецов, Твитер најави дека ја разгледуваат оваа идеја, а сега стигна и потврда дека во тек е изработка на реакциите.

Покрај стандардниот „фејв“, корисниците на Твитер ќе добијат и реакции „живели“, „хаха“, „хмм“ и „тажно“.

За разлика од Фејсбук, на Твитер нема да има лута реакција, додека насмевката, поддршката и тажната реакција ќе бидат присутни.

Воедно Твитер, за разлика од Фејсбук, ќе воведе реакција „хмм“ со која корисникот нешто се прашува.

Реакциите допрва ќе следуваат.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts