vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Твитер призна безбедносен пропуст што ги загрозува корисниците на Андроид

ECA

Само неколку недели после претрпувањето на сериозен хакерски напад кој открива дека сопствените вработени им се најслабата карика во обезбедувањето, од Твитер објавија дека овој пат има безбедносен пропуст со кој потенцијално би можел да ги изложи приватните податоци на корисниците на Андроид.

Трети апликации би можеле преку Твитер да ги заобиколат безбедносните правила на Андроид и да ги видат приватните пораки што корисниците ги изменувале со другите корисници на Твитер. Истакнуваат и дека засега немаат докази дека до тоа навистина и дошло.

Безбедносниот пропуст е веќе решен кај корисниците со Андроид 8 и 9, што би значело дека се заштитени 96% од корисниците на Твитер.

Останатите 4% треба брзо да ја ажурираат  апликацијата на смартфоните.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts