vesti24.mk
ВЕСТИ ЦРНА ХРОНИКА

ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПЕШАК И ДВАЈЦА ВОЗАЧИ ВО СООБРАЌАЈКИ ВО СКОПЈЕ

ECA
Пешак и двајца возачи се потешко повредени, во две од вкупно осум сообраќајни несреќи, што се случиле во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во пет сообраќајки со полесни повреди се здобиле осум лица, а во една е причинета само материјална штета.

Полицијата вчера презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај пет возачи  кои се движеле со брзина поголема од дозволената, шестмина не ги почитувале правилата за престигнување, тројца поминале на црвено светло на семафор, како и 12 возачи без дозвола, односно со нерегистрирано возило. Затекнати се и 47 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 47 возила.

извор:локално.мк

Loading...

Related posts