vesti24.mk
ЗАБАВА

Типови на мажи кои дефинитивно треба да ги избегнувате

ECA

Секоја жена е свесна дека постојат одредени типови мажи кои не се добар избор за врска и токму затоа треба да се избегнуваат. Понекогаш некои работи се многу очигледни, маж кој изневерува, лаже, бара секс сметајќи дека тоа му го должите затоа што ви ја платил пијачката, насилник и слично не е материјал за врска, а камоли за брак.

Кои мажи треба дефинитивно да ги избегнувате?

1. Оженет или зафатен

Некои жени се во врска со женети мажи бидејќи се убедени дека ситуацијата ќе се промени, во нивна корист. Во никој случај не треба да се согласите да му бидете некому втора. Освен што заслужувате партнер кој ќе ве почитува и на кој ќе му бидете единствена партнерка, големи се шансите на крај да завршите со скршено срце, а тој да си продолжи по старо.

Ако веќе сте во ваква ситуација, најдобро што може да направите е да го оставите сам да се извлече од хаосот што го направил.

2. Закрепнува по долга врска

Доколку неодамна излегол од долга врска или брак, веројатно не е ни подготвен за нова вистинска врска, односно нема себеси максимално емотивно да се вложи во неа, а вие ќе му бидете утеха.

Ниту мажите ниту жените веднаш по раскинувањето не се подготвени за врска во која сериозно ќе се посветат на партнерот. Дури и ако не делува така, потребно е време за да ја преболат бившата.

3. Не е самостоен

Ова се однесува на возрасен маж кој има доволно години да биде самостоен, но не е. И понатаму за сè се потпира на мама и нема намера тоа да го промени. Овој маж размислува и се однесува како дете, иако е зрел маж. И ова е во ред ако сакате покрај себе дете, но ако сакате партнер еднаков на себеси, овој тип на мажи треба да го избегнувате бидејќи мама секогаш знае сè најдобро.

4. Манипулатор

Овој маж е суптилен лажго кој најчесто говори делумна вистина, а останатото го преправа по сопствен избор. Изоставува делови од приказната или открива делови кои ги оправдуваат неговите постапки. Секогаш има изговор за сè, а ако некогаш каже нешто со што ќе ве повреди ќе ве убеди дека сте премногу чувствителни, а по секоја сцена ќе сака да избегне одговорност за сопствените постапки.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts