vesti24.mk
ВЕСТИ

Трагедија ја потресе Македонија вечерва: Почина 15 годишно момче

ECA

Петнаесетгодишно дете од кумановското село Љубодраг попладнево се удавило во реката Пчиња во селото Шупли Камен.

Несреќата, како што објави Куманово њус, се случила околу 16 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да се капи во еден од вировите длабок околу 3,5 метри. Притоа го повлекла водата и пропаднало.

Луѓето кои биле со него се обиделе да го пронајдат, но безуспешно.

Веднаш била известена полицијата која пристигнала и заедно со мештаните ја започнала потрагата.

По еден час било извадено безживотното тело на несреќното момче. Увид на лице место извршила полицијата и јавен обвинител.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts