vesti24.mk
Uncategorized ВЕСТИ СВЕТ

Трамп изненадил со одговорот на прашањето дали ќе го признае Крим

ECA

Претседателот на САД, Доналд Трамп, не ја исклучил можноста САД да го признаат руското присоединување на Крим.

“Ќе видиме. Претседателот Обама дозволи да дојде до тоа”, им рекол вчера Трамп на новинарите во претседателскиот авион.

Русија го присоедини Крим во 2014. година, што било осудено од САД и ЕУ. Запрашан за претстојниот самит со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, Трамп рекол дека двајцата ќе разговараат “за се”.

“Не сакаме никој да се меша во нашите избори”, рекол Трамп, и додал дека ќе се разговара за Украина и Сирија.

Претседателот на САД константно изнесува сомненија во руското мешање во изборите на кои победил.

извор:точка.ком.мк

Loading…
Loading...

Related posts