Uncategorized

Трамп прекина интервју поради прашање за Обама

ECA

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто за Си-Би-ЕС, откако беше прашан за неговиот претходник Барак Обама. Доволно беше, ви благодарам, му рече Tрамп на новинарот и го замоли да ја напушти Oвалната соба, каде што се снимаше разговорот.

Интервјуто беше прекинато, откако новинарот Џон Дикерсон го праша американскиот претседател за неговите недокажани тврдења дека Обама го прислушувал.

Тоа треба да биде тема на расправа, изјави Трамп, на што новинарот му рече дека очекува одговор од него, зашто не сакал да слуша лажни вести во медиумите.

Тогаш Трамп експлодирал и категорично го прекинал разговорот, замолувајќи го новинарот да ја напушти просторијата.

https://youtu.be/Ivn9j4rHQxY

Канал5.мк

Loading...