vesti24.mk
ВЕСТИ

Трајковски: Грешката на извршната власт досега со глава ја платиле 1.300 лица, ќе ја платат уште толку до смирување на пролетниот бран

ECA

12.04.2021. Кој можеше да помисли дека Македонија ќе ја надмине дури и Белгија според кумулативниот број на починати на милион жители? Италија и Словенија ги надминавме деновиве. Како што стојат работите, само БиХ и Унгарија имаат поголеми дневни бројки од земјите што се повисоко рангирани од Македонија на светската ранг листа според кумулативен морталитет на милион жители. Останатите (Бугарија, Црна Гора, па можеби и Чешка) најверојатно ќе ги надминеме дури сметано и со сегашните нереални 2,08 милиони жители, вели професорот по теоретска механика, Дејан Трајковски, кој на дневна основа статистички ги следи сите официјални информации поврзани со коронавирусот.

-Изгледа просто неверојатно, но дури ни овој кумулативен морталитет (трет највисок на светот, ако се смета со реалниот број од 1,8 милион жители и ако се исклучат градовите-држави Гибралтар и Сан Марино) не е доволен за да обезбеди доволно ниво на колективен имунитет од прележување за епидемијата спонтано да згасне, пишува Трајковски на Фејсбук и додава:

„Кога сме веќе кај овој дијаграм, гледаме колку стрмо искачува вкупниот број на починати во Бразил поради бразилскиот сој на вирусот Р.1. Воопшто не им помогнала ланската висока прележаност од поранешните соеви, а нема да ни помогне ни нам, штом дојде и тука. Да се потсетиме, во Италија од еден единствен увезен случај бразилскиот вирус веќе се раширил на преку 10% од сите случаи. Ако воопшто има мислечки луѓе во нашата извршна власт, крајно време е да ги затворат границите за влез на сите невакцинирани лица или лица без свеж ПЦР тест. Откако вирусот еднаш ќе влезе, потоа ќе биде доцна, иако 5-дневен карантин би можел да го сопре ширењето, по примерот на Австралија. Бадијала ќе бидат оправдувањата дека не верувале дека тој сој ќе биде толку опасен и т.н. Не веруваа ни дека степенот на колективен имунитет е недоволен за да го спречи ширењето на британскиот сој B.1.1.7 (кој ли ги советувал така?), па нивната грешка досега ја платиле со глава околу 1.300 лица. Ќе платат уште толку до смирувањето на пролетниот бран, не сметајќи ги неевидентираните (најмалку 30% од евидентираните), коишто ќе се појават во јулскиот и августовскиот билтен на Државниот завод за статистика“.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts