Uncategorized

Трендсетерките носат асиметрични здолништа (галерија)

ECA
Не морате секогаш да направите големи промени во својот гардеробер за да ги следите најновите трендови.

Доволно е само да набавите едно асиметрично здолниште кое ќе можете да го носите во текот на пролетната и летната сезона на повеќе начини.

Асиметричните здолништа се вратија на големата модна сцена пред неколку години, а оваа година го доживеа својот врв.

Покрај необичните кошули и блузи, дизајнерите, асиметричните кроеви ги применија и на здолништата. Оваа пролет во мода се асиметрични здолништа со миди или макси должина, најчесто направени од транспарентна ткаенина која е лесна, лелеава и во светли тонови.

Овие женстветни здолништа може да се комбинираат со едноставна маица, патики и тексас јакна, или да се креира вечерна женствена комбинација и да се носи со високи потпетици и кошула.

Погледнете ги моделите кои го привлекоа нашето внимание!

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Вести24 . Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

извор:makedonijadenes

Loading...