vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Три најчести причини зошто љубовта умира

ECA

Тешко е да се признае, но и после многу години заедно, може да се случи да помине љубовта меѓу двајцата партнери. Понекогаш љубовта згаснува кај вас, понекогаш кај другиот, некогаш кај двајцата.

Колку и да била длабока и вистинска таа љубов, се случува таа да почне полека да умира, а за тоа секогаш има причина.

Исто како што сте се заљубиле, може и да престанете да го сакате партнерот, а ова се најчестите причини за тоа:

Промени во однесувањето

Луѓето се менуваат и можно е со текот на времето кај вашиот партнер да се смениле оние квалитети поради кои сте се заљубиле. Тука нема ништо погрешно, промената е природна појава. Тешко е да прифатиме дека веќе не постои личноста во која сме заљубени, но подобро е да се соочиме со вистината отколку да живееме во заблуда.

Терапевтите велат дека понекогаш партнерите дури и воопшто не се смениле – само не го покажале вистинското лице од почеток. По неколку години, смачено им е да глумат, ја тргаат маската и веќе не се личноста во која сте се заљубиле. Има

Одбегнување на проблемите

Проблемите во врската не се решаваат сами од себе и секогаш е потребно искрено и отворено да се разговара за тоа. Игнорирањето на проблемите и недоволната комуникација само ќе придонесат проблемите да се наталожат, а со нив и фрустрацијата и гневот. Колку повеќе време поминува со неразрешени односи, толку ќе биде потешко да ги решите. Кога чувството на гнев и огорченост ќе го замени чувството на љубов, речиси е невозможно да се вратите назад.

Непокажување заинтересираност

Да, сите сме зафатени, имаме обврски, неодложни работи… но, тоа не е изговор да не работиме на врската и да го игнорираме партнерот. Во врската треба да се вложува, а саканата личност треба да се чувствува сигурна, безбедна, посакувана и обожавана. Кога ќе престанете да се трудите, ја осудувате врската на пропаст. Ако личноста не добива внимание, или ќе го побара на друго место или ќе реши да престане да го бара и во оваа врска и ќе излезе од неа.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts