ЗАБАВА ХОРОСКОП

Три хороскопски знаци кои можат да ја освојат секоја жена, но не и да ѝ останат верни

ECA

Некои мажи без проблем успеваат да ги освојат жените, но со нив оди еден главен проблем, а тоа е дека ретко ќе бидат верни.

Стрелец

Со нив владее Јупитер, планетата на среќата и шансите. Заради тоа, Стрелците се склони кон ризик. Никогаш не пресметуваат и проценуваат без разлика на тоа дали повеќе губат или добиваат. Безглаво влетуваат во опасни ситуации и се потпираат само на среќата, а среќата обично ги следи. Кога и да наумат, мораат да влезат во нова авантура и ретко која дама може да им одолее.

Овен

Овните се полни со самодоверба и заради тоа веруваат дека можат да го совладаат баш секој ризик. Гледаат прилика таму каде другите гледаат сигурна утка, а такви се и во љубовните односи. За разлика од Стрелците кои без размислување влетуваат во авантури, Овните пред сè ќе седнат и добро ќе размислат што можат да добијат, а што да изгубат. Ако проценат добивка- ништо нема да ги спречи да легнат во кревет со посакуваната дама.

Шкорпија

Листата не би била потполна без овој мрачен знак. Дамата која е во врска со Шкорпија никогаш нема да може во потполност да биде сигурна дека партнерот ѝ е верен. Шкорпијата оди на сè или ништо и кога ќе влета во вонбрачна авантура, истата ретко кога завршува само како обична авантура, туку повеќе како паралелна врска. Се одлучуваат за прељуба заради нивната страст, но и склоноста нивната ранливост да ја прикриваат со походи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts