vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Три хороскопски знаци на кои им е најтешко да ги преболат бившите

ECA

Поранешните партнери оставаат трага во сечиј живот. Но, некои хороскопски знаци се склони на претерување во идеализацијата на бившите, па дури и ги споредуваат потенцијалните партнери со нив.

Тоа е така затоа што им е потешко да го преболат раскинувањето. Еве за кои знаци станува збор:

Рак

Кога се во врска Раковите се целосно предадени на саканата личност и прават сè за да ја направат среќна. Токму затоа раскинувањето им паѓа потешко отколку на другите знаци. На луѓето родени во овој знак општо тешко им паѓаат сите разделби.

Лав

Лавовите не го подаруваат своето срце секому и лесно, но за личноста која ќе успее да ги освои се подготвени да направат сè. Затоа, по раскинувањето со некого за кого мислеле дека ќе го минат остатокот од животот, поради страв повторно да не бидат повредени, потешко стапуваат во врска.

Стрелец

Иако Стрелците лесно се вљубуваат, тешко стапуваат во сериозни врски. Но, кога еднаш ќе се препуштат некому во целост и таа личност им го скрши срцето, стануваат повнимателни и ги споредуваат сите потенцијални партнери со бившиот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts