vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Три хороскопски знаци на кои ќе им се насмевне љубовта во август

ECA

Последниот месец од ова лето може да го промени љубовниот живот на некои.

По жешкиот и бурен јули за некои хороскопски знаци, ова ќе биде многу романтичен август.

Лав

Сите жени родени во знакот на Лав, кои сè уште не се во врска, ќе бидат заинтересирани за два сосема различни типови мажи овој месец. Ќе ви се допадне изгледот на едниот и шармот на другиот. Ќе ви биде тешка задача да го изберете вистинскиот партнер. По долго двоумење, ќе го слушате срцето.

Љубомората може да се појави поради личност која секој ден поминува време со вашиот партнер. Најпаметно би било да разговарате со него, а откако ќе ја разјасните ситуацијата, вториот дел од месецот ќе помине без грижи во полето на убовта.

Вага

Дали сè уште го барате вашиот партнер? Сега е вистинското време да го пронајдете. Ако има некој во вашиот живот што ви се допаѓа, овој месец ќе имате шанса да направите чекор напред . Ве чека вистинска холивудска љубовна приказна, каде ќе изгледа дека целиот свет се врти околу вас и вашиот нов партнер.

Сите Ваги кои во моментот се во врска, можно е да почувствуваат заситеност од партнерот. Ако се чувствувате вака, замолете го вашиот партнер да поминете разделени некое време.

Водолија

Ако немате партнер сега, време е да пробате да се дружите преку Интернет. Онлајн познаниците можат да бидат волшебни и мистериозни. Веројатно ќе поканите привлечен странец во вашиот живот кој ќе ве заинтригира. Од тоа, може да прерасне сериозна врска.

Ако веќе сте во долга врска, овој месец ќе помине мирно. Ќе поминете многу време заедно, што ќе ја продлабочи вашата врска и ќе ги зајакне вашите емоции.

Запомнете да посветите некое време на себе себе.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts