vesti24.mk
ЗАБАВА

Турист седнал врз статуата „Паулина Боргезе“ во Италија и по грешка ѝ ги скршил прстите (ВИДЕО)

ECA

Средовечен турист од Австрија бил уапсен во Италија, бидејќи бил фатен на безбедносната камера како седнува врз статуата „Паулина Боргезе“ во музејот Гипсотека Кановијана во Посањо и како ненемарно ѝ ги крши прстите на скулптурата стара повеќе од 200 години.

Италијанските власти соопштија дека туристот сакал да се фотографира седејќи врз скулптурата на венецијанскиот вајар Антонио Канова, а при обидот да стане, тој го оштетил уметничкото дело и си заминал како ништо да не се случило.

Сè уште не е завршена проценката на штетата на скулптурата која е извајана во периодот помеѓу 1804 и 1808 година.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts