vesti24.mk
ЗАБАВА

Турција воведува такса за престој, еве за колку ќе поскапат аранжманите

ECA

Аранжманите за Турција претстојното лето ќе бидат поскапи за 20 до 30 евра по лице, бидејќи земјата од април воведува такса за престој за странски туристи.

Таксите ќе се наплаќаат на рецепција, а најскапата ќе биде за оние кои ќе престојуваат во хотели со пет ѕвездички. Тие ќе плаќаат околу 3 евра (18 лири) дневно по лице. Таксата за престој во хотелите со 4 ѕвезди ќе изнесува 2 евра (12 лири) дневно, во хотелите со 3* таксата ќе биде 1,5 евро и со 2* туристите ќе плаќаат помалку од евро.

Од оваа такса ќе бидат ослободени само децата до 12 години, а ќе почне да се наплаќа од туристите кои во Турција ќе отпатуваат од април.

Локалните власти се надеваат дека од наплатените такси ќе го збогатат буџетот за најмалку 400 милиони евра. Имено, минатата година хотелите со четири и пет ѕвезди реализирале 144 милиони ноќевања, а 80 милиони имало во хотелите со три ѕвезди.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts