Uncategorized

Турчинка фатена со муниција на скопскиот аеродром

ECA

Секторот за Внатрешни Работи во Скопје поднесе кривична пријава против Н.А. (42) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“

На 21.11.2015 година на Аеродром „Алексадар Велики“-Скопје, со воздухоплов на компанијата „Туркиш Ерлајнс“ за Истанбул, Република Турција се пријавила да патува пријавената. При извршената контрола на багажот од страна на рентген оператор откриени биле осум куршуми калибар 9 мм кои биле сопственост на пријавената.

скопјеинфо.мк

Loading...