vesti24.mk
ЗАБАВА

Уапсен бидејќи појадувал со оваа жена: Светот се шокираше од овој настан, погледнете зошто (ВИДЕО)

ECA

Египќанец кој живее во Саудиска Арабија објавил на Твитер снимка каде се гледа како на работа појадува со жена со бурка, по што бил уапсен.

Министерството за труд и општествен развој на Саудиска Арабија го осомничи Египќанецот за повеќе прекршоци, меѓу кои и „седење на место наменето исклучиво за Саудијци”, пренесува Би-би-си.

Снимката трае 30 секунди, и на неа двојката се шегува за заедничкиот оброк на којшто никој друг не е поканет. „Најконтроверзната“ сцена следи на крајот, кога жената му дава залче храна на Египќанецот. Поради тоа, многумина Саудијци коментираа дека не тој, туку таа треба да биде казнета.

– Јас сум Саудијка и се колнам дека сакам да ја казнат и неа заедно со него. Смеа, оброк на работно место… Каде ви се границите?, напиша една изреволтирана коментаторка на Твитер по име Малак.

Сепак, имаше и поинакви коментари, за тоа дека сето тоа е нормално.

Во Саудиска Арабија жената не смее на работното место или во ресторан да седи во друштво со маж кој не е член на нејзиното семејство, а при повеќето активности таа мора да биде во придружба на „заштитник“, обично таткото, сопругот, брат или син.

Египетската твитерџика Соња пак, смета дека апсењето Египќанецот е резултат на „кревкото его” на саудиските мажи.  (МИА)

извор:курир.мк

Loading...

Related posts