vesti24.mk
ЗАБАВА

Убави мисли од Пауло Коелјо кои ќе ја олеснат нашата болка во животот

ECA

Пауло Коелјо е популарниот автор кого различни генерации го обожаваат. Неговите книги се полни со различни мудрости за животот.

Ако болката мора да дојде, нека дојде брзо. Бидејќи имам живот за живеење, а сакам да живеам што е можно подобро.

Сè што треба да направите  е да обрнете внимание: лекциите доаѓаат кога сте подготвени  и ако можете да ги прочитате знаците. Ќе научите сè што е потребно за да го преземете следниот чекор.

Чекањето е болно. Заборавањето е болно. Но, незнаењето што да се прави е најлошото страдање.

Не се препуштајте на своите стравови. Ако го направите тоа, нема да можете да комуницирате со своето срце.

Можам да одлучам да бидам жртва или авантурист. Тоа е изборот кој морам да го направам во животот.

Тајната на животот е да паднеш седум пати, но да станеш осум пати.

Никогаш не можете да избегате од своето срце. Затоа, слушајте го што има да ви каже.

Тагата не трае вечно, кога одиме во насока што ја посакуваме.

Љубовта е само збор додека некој не дојде и не му даде значење.

На крајот, најинтересните луѓе секогаш си заминуваат.

Трагедијата зависи од начинот како гледате на неа. Ако изберете да бидете жртва во светот, сè што ќе ви се случи ќе ја храни темната страна на вашата душа, каде се чувствувате лошо, виновно и страдате. Ако ја изберете другата страна, сите промени, дури и загубите кои морате да ги поднесете, можат да предизвикаат болка, но тие само ќе ве придвижат напред.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts