vesti24.mk
ЗАБАВА

Уживал да се фали со својот луксуз и си купил дворец, па му се удри од глава: Ќе се шокирате кога ќе видите што му заплени полицијата (ФОТО)

ECA

Француската полиција со поддршка на Европол, во Бургундија во близина на Дижон, уапси бегалец од Украина кој што раскошно живеел во Франција.

За осомничениот, кој што бил уапсен на 5-ти октомври, се верува дека стои зад голем број на комплексни случаеви на меѓународни измами и перење на пари, односно на таков начин се стекнал со огромно богатство со кое и не се срамел добро да се пофали.

Во акцијата на француските власти биле запленети околу 4,6 милиони евра, вклучувајќи го и раскошниот дворец во кој што живеел Украинецот, неговиот автомобил Ролс Ројс Фантом и три скапоцени уметнички слики на Салвадор Дали, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Уште во јануари ја започнале истрагата за сомнителната трансакција околу купувањето на дворецот за три милиони евра, од страна на луксембуршка компанија чиј што сопственик бил украински државјанин осомничен за корупција во својата земја.

Поради меѓународниот контекст на случајот, француските власти веднаш побарале поддршка од Европол. Во истрагата во која што учествувале и властите на Луксембург и Украина, било утврдено дека роднините на споменатиот Украинец кој што го барала украинската полиција поради корупција, приложиле лажен документ дека е мртов.

Но, набрзо, француските власти не само што откриле дека тој е жив, туку откриле дека тој живее луксузен живот во Франција и ужива во своето нечесно стекнато богатство.

Како резултат на истрагата и на полициската акција во близина на Дижон, уапсен бил главниот осомничен, заедно со уште тројца соучесници, а оваа информација ја потврдија и француските власти и Европол.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts