vesti24.mk
ВЕСТИ

Украл возило па се забил во столб- Ресенчанец направил драма

ECA

Тешка сообраќајка се случила во Ресен кога удрадено возило се забило во столб, по што возачот се обидел да избега.

МВР информира дека во 04,00 часот било пријавено дека во Ресен на улицата „Борис Кидрич“ во правец на селото Царев Двор патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.К. (26) од Ресен, кое тој противправно го одзел од сопственикот, удрило во столб.

По незгодата возачот го напуштил местотото на настанот, но по кратко време е пронајден.

Е.К. од незгодата се здобил со повреди и му била укажана помош во ЈЗУ-Ресен.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Ресен.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts