vesti24.mk
ВЕСТИ

УХМР најава: Какво време не очекува утре и во наредните денови?

ECA

Времето утре во Република Македонија ќе биде променливо облачно со утринска магла по одделни котлини.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде кон крајот на денот повремено ќе засилува.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 6 степени целзиусови, а дневните од 6 до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно облачно време со утринска магла по одделни котлини.

Под влијание на влажен бран од петок ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено во западните делови. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Од утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, што за време на викендот ќе услови повисоки дневни температури.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts