Uncategorized

Уште 100 дена до одигрувањето на Супер купот во Скопје, но дали истото е загрозено?

ECA

Сите европски и светски институции будно ја следат ситуацијата во Македонија и во Скопје каде што во август оваа година се случува можеби најголемиот спортски настан во историјата на нашата земја.

Засега нема проблеми за натпреварот во август да се одигра во Скопје и „Телеком арената“ стои како домаќин на освојувачите на Лигата на шампионите и на Лигата на Европа. Во моментов продолжуваат и работите на арената каде што се средуваат трибините и просториите што треба да бидат подготвени за натпреварот. Сепак, постои резервна варијанта, така што доколку нешто се случи до август, тогаш Скопје ќе биде заменето со друг град.

Во комбинација е Краков, но постои можност средбата да биде преселена и во Киев, така што сè ќе зависи од безбедносната ситуација во земјата.

Никој не сака ниту да помисли дека Македонија би можела да остане без фудбалскиот спектакл кој се случува еднаш во многу години, па затоа ќе треба сите да поработат на смирување и нормализирање на ситуацијата за да може да се ужива во она што спортот го носи како предизвик.

Skopjeinfo.mk

Loading...