vesti24.mk
ЗАБАВА

Феномен во Грција: Џиновска пајажина покри цела плажа (ВИДЕО)

ECA

Топлото време на западот на Грција донесе до несекојдневен спектакл, 300 метри долга пајажина се појави во гратчето Етолико.

Огромен простор преполн со зеленило е прекриен со пајажина. Експертите наведуваат дека е во прашање сезонски феномен за кој се заслужни пајаците „татрагната“, кои можат да направат огромни гнезда да парење.

Не се опасни по луѓето и билките

Се смета дека зголемениот број на комарците е заслужен за зголемениот број на пајаци. Локалните експерти наведуваат дека високите температури, доволната влага и храна створиле идеални услови за овој вид да се размножува.

Според зборовите на Марија Чазаки, професорка по молекуларна биологија и генетика, делува како пајаците да си прават некоја забава. Се парат, размножуваат и прават цела една нова генерација.

-Овие пајаци не се опасни по луѓето и не можат да предизвикаат никаква штета по локална флора. Тие ќе ја одржат својата забава и наскоро ќе угинат.

Погледнете како изгледа „тепихот“ од оваа пајажина:

извор:курир.мк

Loading...

Related posts