vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

„Фејсбук“ согласен да плати рекордна казна од пет милијарди долари

ECA

Од Фејсбук соопштија дека се согласиле да ја платат казната од пет милијарди долари во врска со скандалот околу компанијата Кембриџ аналитика.

Тоа е најголемата парична казна во светот заради недозволено користење лични податоци.

Во соопштение од американската Трговска комора се нагласува дека социјалната мрежа е задолжена да ги подобри налчините за заштита на личните податоци.

Комората бара од ФБ да сигнализира за инциденти поврзани со информации на 500 или повеќе корисници. Компанијата ќе треба да ги решава проблемите и да документира за тие сигнали во рок од 30 денови.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts