vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук ја менува опцијата за препознавање лица

ECA

Фејсбук соопшти дека ја менува опцијата за препознавање лица на фотографиите што некој друг ги објавил, па софтверот автоматски ни предлага да нѐ означи.

Таа опција нема целосно да исчезне. Фејсбук ќе ја замени со подесување за „врамување“ лица за различни потреби, а не само за означување. Корисниците така ќе можат да ја вклучуваат и исклучуваат оваа нова опција.

Оние кои ќе ја вклучат, ќе можат по свој избор да ги добиваат известувањата за препознавање на нивниот лик, или пак – не, доколку не сакаат.

Во американската сојузна држава Илиноис, е покрената и тужба против Фејсбук поради опцијата „предлози за означување”, а сојузниот Апелациски суд одлучи дека постапката може да се процесуира.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts