vesti24.mk
ВЕСТИ

Филипче: За секој пациент кој се лекувал од Ковид 19 е направено се што треба

ECA

Лекувањето пациенти во одделот за интензивна нега на респираторна машина без разлика од која причина, е медицина во мало, и затоа во неа се вклучени врвни експерти. Можам одговорно да тврдам дека апсолутно за секој еден пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина, рече вечерва во емисијата „Само Вистина”, на Канал 5, министерот за здравство Венко Филипче.

Во овие оддели според министерот Филипче, се обединети искуства и знаења од многу специјалности, заради тоа што тука, како што рече, се одржуваат сите органи и органски системи.

– И кај нас има сериозна бројка на пациенти кој што се поставени на респираторна машина, пример во „8 Септември”. Меѓутоа, има пациенти кај кој заради интензивното лекување не е стигнато да тие се поставуваат на респираторна машина, што секако е успех само по себе, истакна Филипче.

Тој потенцира дека има врвна експертиза во третманот на пациенти кој што барат респираторна машина.

– Меѓутоа пациентот на ова машина се поставува тогаш кога навистина е во крајната фаза, и веќе се исцрпени сите можности. Има различни студии во светот, огромен е процентот на пациенти кои што се поставуваат на респираторна машина и на кои за жал не може да им се помогне, над 90 проценти. Одговорно кажувам дека апсолутно за секој еден пациент е направено се што треба и во однос на стадиумите пред поставувањето во респираторна машина, и во однос на третманот додека се пациентите на респираторна машина. Сите врвни експерти во нашата држава се вклучени во лекувањете преку системот за консултација, па дури и физичко присуствуваа. Анестеолозите по систем на ротација се присутни во одделенијата каде што се лекуваат од пациентите кои што се поставуваат на респираторна машина, тоа се анестезиолози, експерти со големо искуство не само во ракувањето со овие машини, туку и во типот на лекувањето, истакна Филипче.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts